ВИДЕО | Стефан Мандел, човекот кој 14 пати мамел на лото, а ниеднаш не го прекршил законот

Математичкиот гениј Стефан Мандел, успеал дури 14 пати да добие на лото.
Живеел тежок живот во Романија во текот на 60-те години на минатиот век и на сите можни начини се обидувал да се исели на Запад. Неговата месечна плата била 88 долари, па единствен начин да набави пари било мамење на лото, но без кршење на законот.
Математичарот поминал долги години истражувајќи како да ја оствари својата цел, за на крај да извлече алгоритам за бирање броеви, заснован на методот што го нарекол Комбинаторна компресија. Користејќи го овој метод, Стефан утврдил дека може прецизно да одреди 5/6 победнички броеви, што го намалува бројот на можните комбинации на лото на „само“ неколку илјади, од претходните неколку милиони.
Со пријателите се впуштил во ризик и купил огромен број ливчиња за лото во кои ја внел комбинацијата од својата формула и освоил награда. Џекпотот бил 15.000 фунти, а откако ги исплатил сите трошоци, му останале околу 3.000.
Тоа му било доволно да започне нов живот надвор од земјата и повторно да ја испроба формулата. Успеал да убеди неколку инвестироти да вложат пари и да изградат лото синдикати. Изумил систем во кој компјутерите ги пополнуваат ливчињата со сите можни комбинации.
Освоил 12 главни добивки и илјадници помали награди ширум Австралија и Велика Британија. Основал фирма во Вирџинија, вработил 16 луѓе да му печатаат ливчиња и повторно освоил џек-пот и многу помали награди.
Од силната желба за оваа „лотоманија“ Стефан банкротирал во 1995 година, а потоа поминал 20 години во затвор во Израел поради измама. Сите американски држави оттогаш воведуваат закони со кои се забранува користење на стратегијата на Стефан.