Стеф Кари конечно се врати на терените, но „воините“ немоќни против шампионот (ВИДЕО)

EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Бекот на Голден Стејт го одигра првиот натпревар по тешката повреда на раката која ја доживеа во октомври минатата година.

Натпреварите во НБА лигата поминаа во знакот на враќањето на ол стар бекот на Голден Стејт вориорс, Сетф Кари. Кари на почетокот од сезоната, во октомври минатата година ја скрши раката и по неколку операции конечно му заврши рехабилитацијата по што утринава се врати на терените.

Сепак, неговото присуство не беше доволно за „воините“ да го совладаат шампионот, Торонто на крајот славеше со 121:113. Екипата на Торонто предводена од Норман Пауел во текот на целиот натпревар имаа предност која ја задржија до самиот крај.


Кари натпреварот го заврши со 23 поени, шест скокови и седум асистенции, Демион Ли постигна 23 поени, а Ендрју Вигинс имаше учинок од 21 поен и 10 скокови. Шампионот го предводеше Пауел кој постигна 37 поени, додека Кајл Лаури натпреварот го заврши со 26 поени и 10 асистенции.

Дербито на вечерта во НБА се одигра во Хјустон каде ЛА Клиперс со 120:105 ги совладаа „ракетите“. Како по обичај, Клиперси до победата ги предводеше Каваи Ленард со 25 поени, а одлична партија прикажа Ивица Зубац кој оствари дабл-дабл од 17 поени и 12 скокови.


Тобајас Херис со 28 поени и 14 скокови беше најзаслужен за победата на Филадефија од 125:108 над Сакраменто кингс, додека Денвер нагетс во неизвесен финиш со 114:112 беа подобри од Шарлот хорнетс. Џамал Мареј постигна 18 поени, додека Никола Јокиќ има учинок од 14 поени, 11 скокови и осум асистенции.

Резултати:
Шарлот – Денвер 112:114
Хјустон – ЛА Клиперс 105:120
Сакраменто – Филаделфија 108:125
Голден Стејт – Торонто 113:121

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот