Сте слушнале ли за СКРИЕНА БРЕМЕНОСТ, состојба која воопшто не е ретка?

бременост

Симптомите на бременоста се сосема јасни – изостанок на месечниот циклус, зголемување на стомакот, мачнини, отекување… Но, не секогаш се појавуваат кај секоја жена.

Постојат многу случаи во кои бременоста е откриена после четвртиот или петтиот месец, а имало и случаи во кои бременоста е констатирана неколку мигови пред породувањето.

На пример, во Велика Британија годишно има во просек околу 320 вакви случаи, додека на светско ниво бројката е многу поголема.

Изостанувањето на менструација кај овие жени не се случува. Дел од нив имаат редовни месечни крварења, додека фетусот има правилен ембрионален развој. Други пак, немаат никакви симптоми, дури ни заоблување на стомакот, што зависи од телесната градба.

Многу лекари се согласуваат дека оваа состојба може да биде опасна за плодот, бидејќи мајката не е свесна за тоа дека е бремена, па не се прилагодува на поздрав начин на живеење. Таа продолжува со нормален живот кој може да вклучува и пороци, интензивна физичка активност, долги патувања и други однесувања кои претставуваат ризик за бебето.

Од друга страна пак, многу мајки кои доцна станале свесни за бременоста, успеале да родат здрави деца и да имаат лесна бременост без вообичаените проблеми. За жал, постојат и оние кои го губат плодот во рани месеци, некогаш дури и сосема без да знаат дека воопшто биле бремени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот