Сте слушнале ли за проектот Кисела Вода 2020-2025?

И покрај тоа што се уште не се знае колку средства ќе бидат потрошени за реализација на овој проект, ниту пак е познато дали спомениците ќе бидат на истакнати личности од поновата историја или пак од античкиот период, сепак овој проект потсетува на озлогласениот проект Скопје 2014, на кој токму социјалдемократите беа најголеми противници.

Општина Кисела Вода ќе поставува спомен-обележја на територијата на општината. Спомениците ќе се поставуваат во следниот петгодишен период, а во програмата ќе бидат опфатени значајни личности и настани.

За таа цел, Општината ги повика граѓаните да доставуваат предлози кои треба да содржат информации за настаните и личностите, порака која треба да ја симболизира спомен обележјето и евентуален текст како објаснување за споменикот.

Слободен печат денеска се обрати до Општина Кисела Вода, со цел да дознаеме каде ќе бидат поставени спомениците, колку средства од Буџетот на општината ќе бидат потрошени за нив и кои истакнати личноси ќе бидат опфатени со поставувањето на спомен обележјата, од каде што добивме одговор дека Комисијата составена од членови на Советот се уште не е состаната, и овие информации им се непознати на општинарите.

Прочитајте и...  Заев: Обврска и должност ни е да создадеме општество на еднакви можности меѓу мажите и жените

-Комисијата ќе се состане во текот на месецов, тогаш ќе знаеме за какви постаменти и уметнички архитектонски дела се работи. Потоа ќе се изготвува петгодишната програма која ќе треба да ја усвои Советот, по што ќе се реализира во периодот од 2020 до 2025 година. Доколку Комисијата смета дека има потреба, ќе може да предложи дополнителни спомен обележја, велат од Општината.

И покрај тоа што се уште не се знае колку средства ќе бидат потрошени за реализација на овој проект, ниту пак е познато дали спомениците ќе бидат на истакнати личности од поновата историја или пак од античкиот период, сепак овој проект потсетува на озлогласениот проект Скопје 2014, на кој токму социјалдемократите беа најголеми противници.

Прочитајте и...  Коневски очекува отчет од Мицковски пред делегатите

Сега, ситуацијата е поразлична, на поставувањето на спомениците се противи ВМРО ДПМНЕ.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ е против поставувањето на спомениците.

Координаторот на советничката група на опозициската партија во Советот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски за Слободен печат вели дека нема да гласаат за поставување на спомен обележјата.

-Ние како советничка група сме против поставувањето на споменици во Општина Кисела Вода. Нелогично е да се трошат пари од Буџетот на општината за вакви намени, а од друга страна да имаме неизградена фекална и атмосферска канализација, и слаба водоводна мрежа во делови од Кисела Вода. Мора да има приоритети при распределба на општински пари, рече Ѓорѓиевски.

 

Поврзани вести

Брнабиќ: Фотографиите од убиствата не беа многу страшни, има и пострашни

Слободен печат

Растурена свадба во хотел во Тетово

Слободен печат

Австрија ја суспендираше вакцината Астра зенека

Слободен печат

Коневски очекува отчет од Мицковски пред делегатите

Слободен печат

Зошто жените губат во градоначалничката трка?

Весна Тодоровска

Шахпаска: Преку Законот за родова еднаквост ја зајакнуваме улогата на жените во секоја сфера на општественото живеење

Слободен печат

Остави Коментар