Сте се запрашале што открива бојата на вашата долната облека за вас?

Дали некогаш сте размислиле што кажува бојата на долната облека која ја носите?

Бојата на долната облека што ја носите открива многу за вас како личност и за вашата моментална емотивната состојба.

Црна долна облека

Мажите често сакаат нивната партнерка да ја видат токму во оваа боја на секси долна облека. Црната боја за нив е мистична, нешто што ги буди дури и најзаспаните сетила. Кај жената, црната долна облека открива многу самостална и силна личност. Доколку сакате да носите црна долна облека, значи дека имате посебен вид на шарм кој веднаш ги „заробува” момците. Од друга страна, црната боја ја открива и вашата слабост: кога се вљубувате, тоа е многу силно, затоа водете сметка да не ги покажете своите емоции премногу брзо.

Бела долна облека

Класична боја на долна облека, она на која повеќе девојки се „навлечени” од практични причини. Белата исто така открива дека имате изразена љубопитност, кога се работи за љубовта и сексот, секогаш сте подготвени да пробате нешто ново и да научите нови нешта. Вашата личност е невина и понекогаш здодевна, но секогаш сте расположени за предизвици и авантури, каде и да ве однесат.

Црвена долна облека

За оние жени кои не се премногу срамежливи, идеална е црвената боја на долна облека. Најверојатно сте добар говорник, не сте многу драматични, немате проблеми со тоа што го сакате и имате многу јасно поставени цели. Меѓутоа, доколку не сте голем љубител на црвената долна облека, а често ја носите, тоа кажува нешто друго за вас, не е тајна: вљубени сте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот