Сте се запрашале ли КАДЕ ОДАТ согорените маснотии од телото? – Слободен печат
ЗдравјеМагазин

Сте се запрашале ли КАДЕ ОДАТ согорените маснотии од телото?

Потсетете се на една од првите најосновни лекции од часовите по биологија и веќе го имате одговорот.

Секоја диета или режим на исхрана се базира речиси на истото – внесување промени за побрзо, полесно и поефикасно согорување на вишокот маснотии од телото.

Но, ретко кој се запрашал каде одат тие маснотии откако ќе бидат согорени? Една од најчестите заблуди е дека мастите од организмот се претвораат во енергија. Некои сметаат дека одат во мускулите, а други дека излегуваат преку изметот.

Точниот одговор е дека мастите се делат на јаглероден диоксид и вода при метаболитичките процеси на диетите. Тоа значи дека еден дел излегува преку дишењето, а другиот преку лачењето на течности, односно преку урината и потта.

Така, слободно може да се каже дека килограмите кои ги губиме, во поголем дел ги издишуваме. Основа на ова тврдење е сознанието дека секоја хранлива материја во основа е комбинација на вода и јаглероден диоксид, неоргански материи од кои се создава органска храна при процесот на фотосинтеза. Затоа, сосема е логично и исправно сознанието дека храната која почнала од тие две материи, на крај ќе се разложи токму на истите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close