Сте се прејале за празниците и се плашите од холестерол? Испијте една чашка од оваа напивка

Unsplash
Фото: Unsplash

Многу луѓе во современиот свет се борат со зголемени вредности на маснотии или холестерол во крвта поради брзиот начин на живот, но и поради нивната генетска предиспозиција.

Овој сируп се покажа како многу ефикасен во намалувањето на високиот холестерол.

Состојки:

– 1 кг лимон
– 5-6 китки магдонос
– 3 литри вода
– 1 ќесичка сода бикарбона

Подготовка:

Лимонот измијте го прво во ладна вода, а потоа натопете го во топла вода и сипете ќесичка сода бикарбона. Оставете така да отстои околу еден час.

Исечкајте го магдоносот заедно со дршката на ситни парчиња. Лимонот заедно со кората ситно исечкајте го лимонот. Магдоносот и лимонот ставете ги во шерпа и прелијте со три литри вода. Состојките со водата варете ги на тивок оган – 2 до 3 часа. Кога ќе се свари, исцедете ја напивката.

Би требало да добиете околу 1,5 литар сируп. Се пие секое утро, на празен желудник, мерката е една полна мала чашка, како онаа за ракија. Мерката е доволна за 15 дена, ако се пие секое утро.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот