СТЕ ЈА ГЛЕДАЛЕ ЛИ? Серија во која сака да глуми и самиот Бред Пит

peaky blinders
Принтскрин

Бред Пит ни е познат како голема ѕвезда на филмското платно и ретко кој очекува да го види на малите телевизиски екрани.

Сепак, една серија ја разбудила неговата љубопитност и тој изјавил дека не би одбил да глуми таму. Се работи за глобалниот феномен „Peaky Blinders“, која во ниеден момент не доживеа пад на популарноста, туку со секоја сезона оди само нагоре.

Серијата е достапна и на Нетфликс, па поради тоа и има публика од сите делови на светот. Ја гледаат дури и популарни актери, кои признаваат дека не би одбиле да глумат во неа.

Продуцентот Стивен Најт потврдил дека многу актерски имиња побарале епизодна улога, а ги нагласува Бред Пит и Снуп Дог. Тој вели дека за нив ќе има простор во шестата сезона и дека тоа ќе мора да се изведе внимателно, за да не изгледа како маркетиншки трик, за публиката да не помисли дека паѓа популарноста на серијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот