Ставрев ќе му суди на Селтик во Лига Европа

Нова меѓународна обврска за најдобриот македонски судија, Александар Ставрев/фото: EPA/Tamas Kovacs

Македонскиот судија Александар Ставрев со ново признание и голема обврска во најелитните клупски европски натпреварувања.

В четврток (29 октомври) во Русија со почеток од 18.55 часот нашиот арбитар ќе дели правда на натпреварот од второто коло во Лига Европа помеѓу Лил и Селтик.

Дуелот ќе се одигра на стадионот „Пјер Моруа“, Шкотите после домашниот пораз од Милан ќе се обиде да го поправи впечатокот и ги освои првите бодови во групата „Х“.

Французите, пак, стартуваа успешно откако во првото коло беа убедливи со 1:4 во Чешка против Спарта Прага.

Да додадеме уште дека на Ставрев на натпреварот Лил-Селтик ќе му помагаат Дејан Костадинов и Дејан Неделкоски, како помошници, а четврти судија е Димитар Мечкаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот