Ставрев ќе му суди на Реал Сосиедад во Лига Европа!

Нова меѓународна обврска за најдобриот македонски судија, Александар Ставрев/фото: EPA/Tamas Kovacs

Нова обврска од УЕФА за македонскиот фудбалски судија Александар Ставрев во меѓународните натпреварувања.

Нашиот арбитар ќе дели правда на натпреварот од четвртото коло во Лига Европа во Холандија помеѓу екипите на АЗ Алкмаар и Реал Сосиедад.

Во групата „Ф“ после три одиграни кола е доста неизвесно, дури три екипи ја делат моментно првата позиција со по шест бодови, АЗ Алкмаар, Наполи на Елиф Елмас и Реал Сосиедад, додека Риека на Дарко Велкоски и Милан Ристовски е последна без бодови.

Дуелот помеѓу АЗ Алкмаар и Реал Сосиедад ќе се игра в четврток со почеток од 21.00 часот, а во истиот термин во Неапол, во Неапол ќе се сретнат Наполи и Риека.

Помошници на Ставрев на овој меч ќе му бидат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, четврти судија е Константин Влахо исто така од Македонија. Владо Свилокос од Хрватска е контролор, додека УЕФА делегат е Атила Томо од Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот