Ставре Јада се подготвува за историски успех

На Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја, македонскиот нордиец Ставре Јада го имаше својот дебитантски настап, а иако до наредните игри има уште две и пол години тој напорно работи на својата форма, обидувајќи се да оствари резултат со кој малкумина во историјата би можеле да се пофалат.

– Што се однесува до плановите за во иднина не би сакал да зборувам премногу во моментов бидејќи има време до наредните Зимски олимписки игри, но можам да ветам дека ќе се обидам со сите сите сили да остварам пласман и тоа со учество во две дисциплини, биатлон и нордиско скијање (трчање) и да станам еден од ретките спортисти кои успеале да го направат тоа, а да бидам првиот што го направил тоа во Македонија – вели за „Слободен печат”, Јада.

Во текот на минатата сезона тој оствари респектабилен резултат, кој има намера да го подобри во наредните настапи.

– Во нордиското скијање претходната сезона ја завршив на 80-фис поени што за мене е значително добар резултат, оваа сезона ке одам на таргет под 70-фис поени што не е невозможно за мене, само лугето кои ме познаваат знаат колку напорно работам. Во овај период од годината тренирам по околу 5-6 часа дневно со голема желба, го сакам спортот кој го тренирам веке шест години и секако дека еден ден ке стигнам до еден голем резултат на некои европски или светски натпревари – додава македонскиот олимпиец.

Во сабота Ставре, заедно со својот тренер Ѓоко Диневски, ќе замине на подготовки во познатиот биатлон центар Покљука, Словенија.

– Се насочувам во исто време и кон биатлонот, спорт во кој треба максимална концентрација на стрелиштето, ке се обидам во текот на зимата да се искачам на највисокото светско ниво, нешто што за малку не ми успеа лани – вели Ставре.

Преостанатите подготовки тој ги одработи во родното Крушево, каде постојат солидни услови за тренинг на нордиските дисциплини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот