Ставовите на Малески за македонско-бугарските односи, не кореспондираат со ставовите на претседателот Пендаровски

Ставовите на професорот Денко Малески не кореспондираат со размислувањата и ставовите на претседателот Стево Пендаровски за македонско-бугарските односи, одговори претседателскиот кабинет на прашањето на Радио Слободна Европа за ставот на претседателот Пендаровски во врска со коментарите на професорот Малески, кој е негов надворешен советник.

​„Професорот Денко Малески е надворешен советник на претседателот Пендаровски, кој има уште двајца надворешни советници за прашања од областа на надворешната политика. Во Кабинетот, постојани советници за овие прашања се амбасадорот Гоце Карајанов и д-р Александар Љ. Спасов со кои претседателот е во комуникација на дневна основа. Освен споменатите, претседателот се консултира и со многу други експерти и професори од академската заедница и од МАНУ. Последните јавно искажани ставови на професорот Малески не кореспондираат со размислувањата и ставовите на претседателот Пендаровски за македонско-бугарските односи“, ни одговорија од претседателскиот Кабинет.

Сепак, велат од Кабинетот, тој факт не значи дека претседателот Пендаровски не треба да соработува со професорот Малески.

„Одамна е зад нас времето кога сите советници на претседателот и премиерот, до последен, имаа задача само да ги повторуваат ставовите на своите претпоставени“, се вели во одговорот од Кабинетот на Пендаровски.

Инаку, Малески, кој е и првиот министер за надворешни работи на независна Македонија, пред неколку дена, во колумна, а подоцна и во интервју за бугарска телевизија, изнесе ставови за македонскиот јазик и македонската нација, кои во јавноста беа оценети како „пробугарски“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот