Ставот на републиканскиот сенатор за воена интервенција на протестите објавен во „Њујорк тајмс“ предизвика лавина реакции: Читателите не разликуваат вест од мислење

epa03676897 (FILE) A file photo dated 08 December 2008 showing a night view of the New York Times building in New York, New York, USA. The New York Times company reported a sharp drop in profits and revenue 25 April 2013 as advertising fell and the growth in online subscriptions slacked off. The newspaper company said it earned 3.1 million dollars in net income, compared to 42.1 million a year earlier, while revenue declined 2 per cent to 465.9 million dollars. Despite the disappointing financial results the company is on the right track to building a sustainable digital business, chief executive Mark Thompson said. EPA/JUSTIN LANE

Читателите понекогаш не пронаоѓаат разлики меѓу вестите и мислењата, зошто и другата рубрика се наоѓа на почетната интернет страница, само како уште еден напис во весникот.

Неколку членови на редакцијата, дописници и новинари соработници на Њујорк тајмс, вклучувајќи и една добитничка на Пулицерова награда, се оградија од авторскиот текст на републиканскиот сенатор од Арканзас, Том Котон за овој весник, во кој тој повикува на воена интервенција поради масовните протести ширум САД, пренесува Њујорк тајмс.

Во рубриката резервирана на мислења на авторите кои не го изразуваат задолжително и ставот на редакцијата, сенторот Котон напиша текст за актуелните протести во САД по повод смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во текот на апсењето со наслов „Испратете војници“. Насловот предизвика негативни реакции внатре во Њујорк тајмс, како и во другите редакции.

Котон во авторскиот текст (мислење) напиша дека федералната влада би можела да се повика на Законот за бунт кој би овозможил употреба на војската за смирување на протестите во градовите ширум САД.

„Една работа која над се ќе воспостави ред на нашите улици, а тоа е надмоќно покажување на сила за да се растурат, притворат и одвратат оние кои се обидоа да ги прекршат законите“, напиша Котон во авторскиот текст.

Редакцијата на Њујорк тајмс во меѓувреме расправаше за тоа дали треба да се објави текстот или не.

Котон грабежите во текот на протестите во Њујорк ги опиша како „карневали за барање судир и други криминални елементи“. Исто така, Котон предупреди дека антифашистичкото движење Антифа – за кое Трамп рече дека ќе го прогласи за терористичка организација – ја презеде главната улога во маршевите низ американските градови.

Меѓутоа, Њујорк тајмс истакнува дека весникот пред текстот на Котон веќе објавил напис во кој се нагласува дека теоријата според која Антифа е одговорна за нередите и грабежите во текот на протестите во САД претставува „најголем дел од дезинформациите во вестите за протестите“, според анализите на компанијата за проценка на медиумските мониторинг Сигнал Лаб.

Уредникот на Њујорк тајмс задолжен за рубриката „Мислења“ Џејмс Гордон смета дека не е необично што текстовите кои се потпираат на идеологијата на десното крило да привлекуваат критики. Меѓутоа, како што вели Гордон, изливот на бес на читателите и одредени членови на редакциите овој пат беше доволно силен за да побара коментар по повод објавувањето на авторскиот текст на Котон.

„Редакцијата на рубриката „Мислења“ на Тајмс должи објаснување и контрааргументи“, напиша Бенет на Твитер.

„Разбравме дека многу читатели сметаат дека аргументите кои сенаторот Котон ги изнесе во текстот се болни, дури и опасни. Веруваме дека тоа е една од причините која бара расправа и јавно преиспитување“, додаде тој.

Њујорк тајмс истакнува дека рубриката „Мислења“ се води одвоено од рубриката Вести. Бенет, како и уредникот на Вести Дин Бајк одвоено го известуваат издавачот на весникот Артур Грег Салцбергер. Меѓутоа читателите понекогаш не пронаоѓаат разлики меѓу вестите и мислењата, зошто и другата рубрика се наоѓа на почетната интернет страница, само како уште еден напис во весникот.

Десетина членови на редакцијата на Њујорк тајмс на Твитер го ретвитнаа текстот на Котон со варијација на реченицата „Ако ова навистина се случи, Њујорк тајмс ќе биде во голем проблем“.

Расправата на вработените за текстот на Котон вклучуваше и несогласувања околу политиката на Њујорк тајмс која вработените ги упатува на „посебно внимание кога објавуваат лични ставови поврзани со настани за кои весникот се обидува да известува објективно“.

Дописничката на Њујорк тајмс и добитничка на Пулицеровата награда Никол Хана – Џонс на Твитер напиша дека „веројатно ќе сноси последици поради одговорот, но и неморално е да премолчи“.

„Како Афроамериканка, како новинарка и како Американка, длабоко се срамам што дозволивме вакво текст“, напиша Хана-Џонс.

Синдикатот на новинари кој претставува и бројни членови на редакцијата на Њујорк тајмс “NewsGuild” издаде соопштение во кое се наведува дека авторскиот текст на Котон „промовира омраза“.

„Ова е посебно ранлив момент во американската историја, а текстот на Котон долева масло на огнот. Медиумските организации имаат одговорност да ја изнесуваат вистината и да ја повикуваат власта на одговорност, а не без контекст и внимателност да работат во прилог на политиката на моќните“, пишува во соопштението синдикатот “NewsGuild”.

Неколку членови на рубриката „Мислења“ исто така се огласија по повод спротниот текст.

„Не се согласувам ниту со едно тврдење во тектот на Том Котон. Таков текст не ја одразува моите вредности“, напиша еден од авторите во оваа рубрика Чарли Варзел.

Исто така, тројца новинари на Њујорк тајмс кои сакаа да останат анонимни, ги известија своите уредници дека нивните извори порачале дека ќе престанат да им даваат информации токму поради авторскиот текст на републиканскиот сенатор.

Роксана Геј, соработничка на оваа рубрика во Њујорк тајмс, исто така твитна и порача дека се противи на текстот на Котон, иако до сега поддржувала различни мислења. Таа наведува дека Котон „поддржал идеја за воена окупација, како да не постои американскиот Устав“.

Исто така, една фриленс новинарка и соработничка на Њујорк тајмс од Лос Анџелес на Твитер напиша дека поради спорниот текст одбила задолжение кое го добила од редакцијата.

Уредникот на рубриката „Мислења“ во своја одбрана рече дека „Њујорк тајмс“ во истата рубрика досега веќе објавил нeколку мислења и авторски текстови во прилог на протестите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот