Ставена на аукција слика од Ботичели која се проценува на 80 милиони долари: Постојат само 12 портрети направени од овој сликар! (ФОТО)

инста

Портрет насликан од познатиот ренесансен сликар Сандро Ботичели кон крајот на 15 век ќе се најде на аукцијата Сотби во Њујорк во јануари, а неговата вредност се проценува на 80 милиони долари.

Сликата покажува непознат благородник од времето на ренесансната Фиренца како во раката држи рондела – симбол на кружен облик.

Бидејќи ретко има можност да се купат делата на Ботичели, Сотби се надева дека цената на портретот би можела да надмине 100 милиони долари, а последниот ваков случај бил снимен од аукциската куќа минатата година, кога сликата на Клод Моне беше продадена за 110 милиони долари.

Според АП, сегашниот сопственик ја купил сликата на аукција во 1982 година, за сума што денес одговара на износот од нешто повеќе од еден милион долари.

Елитниот статус на ова уметничко дело го дава и фактот дека, барем колку што е познато, во светот има само 12 портрети направени од Ботичели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот