Став на мнозинството менаџери во В. Британија: Прво вакцина, па враќање во канцеларија

Фото: EPA-EFE/Ben Birchall / POOL

Повеќе од пола од менаџерите во Велика Британија сакаат задолжителна вакцинација против ковид-19 за вработените кои се враќаат на работа во канцеларијата, објави „Фајненшл тајмс“.

Тие податоци се дел од студија спроведена од „Чартед менаџмент институт“ (Chartered Management Institute), со што се зголемува притисокот врз владата да ја поддржи идејата за „вакцини за работни места” кои ќе помогнат да се забрза враќањето на економијата на островот во нормална работа.

Речиси пола од менаџерите, исто така, велат дека пристапот до канцеларијата треба да биде ограничен на оние кои одбиваат да се вакцинираат од немедицински причини, покажа истражувањето со кое беа опфатени над 1.000 менаџери.

Три петтини од менаџерите веќе одлучија дека ќе ги тестираат своите вработени кога ќе им биде дозволено да се вратат на работа. Една петтина велат дека тестот ќе биде задолжителен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот