СТАТУАФЕСТ И БАСКЕРКАРАВАН – Интернационален уличен уметнички фестивал

Од 20 до 22 јуни со почеток од 18:30 до 23 часот ќе се одржи Интернационалниот фестивал за баскери и живи статуи – СТАТУАФЕСТ И БАСКЕРКАРАВАН. На фестивалот свое учество ќе земат светски познати артисти, баскери и живи статуи, од Шпанија, Германија, Украина, Венецуела, Хрватска, Србија и секако нашите професионални артисти од Северна Македонија.

За музичкиот дел се задолжени Тони Зен и Диџеј Бугимен, како и Онија Блузерите.

Фестивалот ќе се одржува на плоштад Македонија и на ул. Македонија која води од плоштад кон Мајка Тереза.

Главен покровител на фестивалот е град Скопје. Спонзори се винарска визба Тиквеш, Пакомак, Јавор Мрзенци – Меана Б, кафе бар Живот е циркус, Театар за деца и младинци, Клуб Матица.

Организатор на фестивалот е здружението на граѓани ТИМ ТЕАТРОС К од Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот