Статистички кои беа нашите најдобри и најслаби играчи на ЕП! (ФОТО)

Најслаб процент на реализација имаше играчот на бундеслигашот Магдебург, 23-годишниот Филип Кузмановски со пет голови од 13 обиди (38%).

Заврши настапот на македонската репрезентација уште во прелиминарната групна фаза на Европското првенство, а според првите најави истото ќе го завршиме на 15. место.

Групата „Б“ во Виена ја завршивме на третото место со една победа над Украина и два порази од Чешка и Австрија.

Од селекторот Данило Брестовац, капитенот Кирил Лазаров, крилото Дејан Манасков, сите играчи се свесни што ја разочараа македонската ракометна јавноста и многубројните навивачи кои се собраа да ја дадат поддршката од трибините во Виена.

принтскрин/ehf-euro.com

Во наредниот период ќе следуваат анализи, а во продолжение погледнете ја севкупната статистика на нашите најдобри ракометари во трите настапи на ЕП.

Најслаб процент на реализација имаше играчот на бундеслигашот Магдебург, 23-годишниот Филип Кузмановски со пет голови од 13 обиди (38%).

100% ефикасност имаа Мартин Велковски, Мартин Поповски и Горан Крстевски, но тие воглавно имаа многу мала минутажа на шампионатот.

Сите погледи се насочени повторно најискусниот Кирил Лазаров кој блеска и на 39 години, со 63% реализација, 22 голови од 35 обиди.

Имавме само еден нереализиран пенал (9/10), најмногу исклучувања (три) имаше Стојанче Стоилов, а кај голманите подобар беше Никола Митревски со 18 одбрани (26%), а 10 помалку Борко Ристовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот