Стаса серверот со десет станици за полнење на терминалите за отисоци од прсти за локалните избори

Избори Македонија
Избори во Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски информираше дека денеска пристигна серверот со 10 станици за полнење на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти со податоци од гласачите што ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК и ќе биде тестиран.

– Серверот стигна една недела предвреме затоа што е многу битна таа операција да се види дали ќе полни, како ќе полни и времето, брзината на полнењето, така што полека пристигнува целата опрема и за два-три дена веќе ќе имаме нова пратка поголема од 950 терминали, а веќе за една недела ќе стигнат и другите, така што почнуваме со работа, рече Даштевски.

Ако серверот покаже дека добро работи, ДИК ќе се подготви за едукација на претседателите на избирачките одбори и за замениците на претседателите на избирачките одбори и ќе се стави во функција целата операција што значи дека процесот оди добро.

– Односно и подобро, повеќе од добро затоа што веќе серверот пристигна една недела предвреме и може да се почне со работа, односно со полнење оние што се за обуки, а со следната пратка и со полнење и на другите терминали од зависност од заклучување на Избирачкиот список кој треба ние да го заклучиме на 24-ти (септември), потоа ИТ-секторот треба да го обработи и некаде од 28-ми ќе почне полнењето кое ќе трае неколку дена, така што тие (терминалите) ќе бидат подготвени за изборите, вели Даштевски.

ИТ службата на ДИК, според претседателот на Комисијата, работи со фирма од Германија и проверува се што е неопходно за функционирање на серверот и на терминалите.

На локалните избори закажани за 17 октомври првпат во земјата ќе се применат систем и терминали за вчитување на отисоци од прсти за идентификација на гласачите. За таа цел ДИК склучи договор со германската компанија „Дермалог” која треба да го достави системот и терминалите, како и да овозможи нивно одржување. Првите 200 терминали веќе пристигнаа во земјата, денеска стасаа и серверот, а како што најави Даштевски, сукцесивно до 1 октомври треба да пристигнат и сите неопхдни терминали за изборите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот