Стартуваше проектот „Велодром“ со кој аеродромци ќе се мотивираат да возат велосипеди

велосипеди
Велосипеди, Фото: Архива

Во Општина Аеродром стартуваше проектот „Велодром“ во рамките на кој според најавите на локалната власт ќе се подобрува велосипедската инфраструктура, ќе се градат нови велосипедски патеки а истовремено ќе се врши и редовно одржување на веќе постоечките патеки но и ќе се промовира велосипедот како еколошко превозно средства.

-Остварив средба со неформалното здружение „ На точак“ со кои зборувавме околу подобрување на велосипедската инфраструктура во Општина Аеродром. Со велосипедските ентузијасти се обврзавме за идна соработка преку многу проекти во интерес на аеродромци. Воедно, со ова го започнуваме нашиот проект „Велодром“ кој беше дел од нашата предизборна кампања. Освен новите велосипедски патеки кои ги планираме долж Општина Аеродром, ставаме акцент и на редовно одржување на веќе постоечките. Дополнително, планираме вклучување на невладиниот сектор и универзитетската заедница во идните проекти со кои ќе се подобри велосипедската инфраструктура – истакна градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

Муцунски, меѓу другото, потсетува и дека граѓаните на Општина Аеродром чии барања се прифатени на последниот јавен повик за субвенции за велосипеди ќе добијат поврат на средствата во износ од 3.000 денари за нов велосипед.

-Општина Аеродром дава целосна поддршка на велосипедизмот во насока за заштита на животната средина и поефикасен сообраќај – рече тој.

Инаку, во својата предизборна програма Муцунски најави дека негова визија е да нема улица во Општина Аеродром без велосипедска патека.

-Велосипедистите ќе бидат безбедни, нема повеќе да возат по коловозот и да стравуваат дека некое возило ќе ги удри или пак да удрат во некој пешак. Во насока на што помасовно користење на велосипедот како превозно средство ветуваме финансиска поддршка за нивно купување, паркинзи кои ќе бидат под видео надзор со оглед на големиот број на кражби, но и низа други мерки за стимулирање на овој вид превоз – вети Муцунски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот