Стартуваше „По патеките на востаниците”

Започна традиционалниот планинарски марш што се организира по повод 143 години од Разловечкото востание. Маршот е со релација село Тработивиште – Свети води – Разловци и е во должина од осум километри.

– На овој планинарски марш, кој е од историско значење, учествуваат планинари од Делчево, Берово, Пехчево, Велес и од Зрновци. Планинарската патека минува низ еден интересен предел и засега временските услови се идеални за учесниците. Маршот го започнавме од село Тработивиште, со тоа што пристигнувањето на планинарите на централната прослава во Разловци се очекува некаде околу 12 часот – информира водичот и претседател на ПСК „Голак”, Љупчо Чучуковски.

Додава дека по завршувањето на маршот за планинарите ќе биде организирана заедничка дружба со пригоден ручек.

Организатор на настанот и годинава е Општина Делчево, како дел од одбележувањето на 143-годишнината од Разловечкото востание по кој повод денеска во Разловци ќе бидат организирани низа настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот