Стартуваат трговските преговори меѓу САД и Јапонија

Денеска и утре во Вашингтон ќе се сретнат претставници на Јапонија и САД надевајќи се да најдат решение за некои од нивните спорови.

Доналд Трамп тврди дека трговијата со Јапонија не е балансирана и инсистира Токио да го отвори повеќе пазарот за американските стоки и најмногу за земјоделските производи.

Во минатата година година САД имаше трговски дефицит од 67,62 милијарди долари (без услужниот сектор) со Јапонија, која е голем трговски партнер. Билатералната трговија помеѓу Вашингтон и Токио изнесува над 280 милијарди долари, според канцеларијата на Постојаниот трговски претставник.

Роберт Лајтхајзерм, кој е постојаниот трговски претставник, во октомври ја најави својата намера за договори за слободна трговија со Јапонија, денеска повторно ќе седне на преговарачка маса со министерот задолжен за економскиот развој на Јапонија, Тошимицу Мотеги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот