Стартува струшкиот турнир со дербито Еурофарм Пелистер-Металург

фото: facebook.com/ihtstruga/

Денеска по подолга пауза од скоро пет месеци поради пандемијата на коронавирус ракометните клубови во нашата земја повторно ќе имаат натпревари.

Денеска ќе започне меѓународниот ракометен турнир во Струга, но годинава токму поради ситуацијата со Ковид-19 истиот ќе помине овојпат без учесници од странство.

Вкупно осум македонски екипи ќе се борат за трофејот на ова натпреварување што ќе биде еден вид подготовка за новата натпреварувачка сезона.

Од 18.40 часот е свеченото отворање, претходно од 17.15 часот силите ќе ги одмерат Струга и Прилеп, а од 19.30 часот играат Бутел и Охрид.

Првиот ден ќе биде комплетиран со дербито помеѓу екипите кои беа доста активни на ракометниот пазар и очекуваме еден интересен меч, од 21.15 часот ќе се сретнат Еурофарм Пелистер и Металург.

фото: facebook.com/ihtstruga/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот