Стартува Серија А, се тресе ли тронот на Јувентус?!

twitter/SempreInter.com

Со денешниот натпревар помеѓу Фиорентина и Торино започнува новата сезона во Серија А во која доминацијата на Јувентус не е толку изразена како во последните осум години.

Во Серија А во последните осум години доминира една екипа, Јувентус, но се чини дека во новата сезона сериозно е загрозена нивната доминација.

„Старата дама“ во новата сезона влегува со нов тренер, дебитантот Андреа Пирло, и токму тоа е најголемата резерва поради која експертите не гарантираат нова титула.

Маурицио Сари ја освои титулата во Серија А, но неуспехот во Лигата на шампионите му донесе отказ по што челниците на „старата дама“ се одлучија за крајно невообичаен потег, на клупата да седне дебитант. Екипата на хартија делува можеби посилно од минатата сезона, Артур, Кулушевски дојдоа како замена за ветераните Пјаниќ, Матуиди, но неискуството на Пирло е главниот минус во трката за титулата со Интер каде на клупата седи Антонио Конте.

Интер минатата сезона сериозно се вмеша во трката за титулата, а од оваа очекувањата се да се оди едно скалило погоре и конечно да се прекине доминацијата на Јувентус. Конте има тим кој може да го предизвика Јувентус, а со најавеното доаѓање на Артуро Видал, поранешниот селектор но и тренер на Јувентус, смета дека ќе може да дојде до титулата.
Кругот на фаворити за титулата и пласман во Лигата на шампионите се затвора со Наполи, Лацио, Милан и неверојатната од ланската сезона Аталанта.

Наполи го засили нападот со Осимен и сигурно е дека ќе биде сериозен конкурент за титулата исто како и Лацио кој речиси не менуваше ништо од минатата сезона. Милан во завршницата од минатата сезона покажа дека е на добар пат да се врати на старите патеки кога беше доминантна сила во Италија но и во ЛШ, додека Аталанта која играше најубав фудбал во Италија го задржа истиот тим, но прашањето на експертите е дали ќе може да го повтори успехот од минатата сезона.

Во долниот дел од табелата, односто тешка битка за опстанок ги очекува Специја и Кротоне кои минатата сезона играа во Серија Б.

Серија А и сезонава ќе биде застапена со тројца македонски репрезентативци, Елиф Елмас треба да добие далеку поголема улога во играта на Наполи откако во дебитантската сезона покажа зашто Карло Анчелоти по секоја цена инсистираше да биде донесен.
Капитенот на репрезентацијата, Горан Пандев најверојатно во дресот на Џенова ќе ја игра последната сезона во професионалната кариера, а во Удинезе е Илија Несторовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот