Стартува кампањата на Владата и на Министерството за здравство – „#НосамМаска”

Жена со заштитна маска на плоштад „Македонија“ коронавирус ковид-19
Жена со заштитна маска на плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
Владата на Северна Македонија и Министерството за здравство започнуваат кампања за носење маски со цел поддршка на Законот и подигнување на свеста на граѓаните од важноста на  почитување на мерките и препораките на Комисијата за заразни болести за заштита од корона вирусот.
Кампањата, штo ќе оди со слоганот #НосамМаска, е поддржана и ќе биде промовирана од сите функционери, членови и поддржувачи.
– Целта ни е да се подигне свесноста за тоа колку е важна заштитата од коронавирусот. Носењето на заштитни маски на отворен и во затворен простор е општо прифатена мерка за заштита во цела Европа. Тоа е засега наједноставен и најсигурен начин да се спротивставиме на пандемијата, соопштуваат од Министерството за здравство.
#НосамМаска е одговорност, велат од Министерството, која треба да ја прифатиме, почитуваме, споделиме и применуваме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот