Стартува Бундеслигата, Баерн атакува на апсолутен рекорд во Топ 5 европските лиги

Баерн и сезонава со шампионски амбиции/Фото: EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

На стадионот „Борусија парк“ во Менхенгладбах, девекратниот шампион по ред Баерн ќе ја започне новата бундеслигашка авантура денеска од 20.30 часот.

Баварците се израмнети со Јувентус со девет освоени титули во низа, што е најголемото достигнување во историјата на Топ 5 европските лиги, а оваа сезона ќе бркаат апсолутен рекорд.

Преодниот рок на „Алијанц арена“ не беше многу активен, Јулијан Нагелсман го замени трофејниот Ханси Флик како тренер. Младиот дефанзивец Дајот Упамекано (22) пристигна во клубот за 42,5 милиони евра од Лајпциг. Долгогодишниот лев бек Давид Алаба (29) го напушти Минхен, кој се пресели во Реал Мадрид како слободен играч, додека Хави Мартинез (32) кариерата ќе ја продолжи во Катар. Си замина и искусниот Жером Боатенг (31), кој и натаму е без клуб.

Оваа сезона, сите погледи ќе бидат вперени кон најдобриот стрелец во тимот, Полјакот Роберт Левандовски (32), кој се проби на второто место на вечната листа на Бундеслигата со 277 гола и ќе се обиде да се приближи уште повеќе до лидерот Герд Милер (365 голови).

Како и претходните сезони, најголеми конкуренти на Баерн ќе бидат Борусија Дортмунд и Лајпциг.

„Милионерите“ летово се разделија си Џејдон Санчо (21), кој се пресели во Манчестер јунајтед за 85 милиони евра, додека Дониел Мален (22) од ПСВ пристигна на „Сигнал идуна парк“. Централниот напаѓач Андре Силва (25) и левиот бек Анхелињо (24) дојдоа во Лајпциг. Покрај Упамекано, кој се пресели во Баерн, клубот го напушти и Ибрахима Конате (22), кој ќе игра за Ливерпул.

Според проценките на експертите, екипите на Леверкузен, Борусија Менхенгладбах и Волфсбург ќе се борат за место во Лигата на шампионите следната сезона, а веднаш зад нив Ајнтрахт и Хофенхајм исто така ќе ја чекаат својата шанса за влез во Европа.

Македонија има еден претставник во Бундеслигата, тоа е нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов кој ги брани боите на Штутгарт. Лани имаше вкупно 14 настапи во најсилното германско првенство.

Бундеслига 2021/2022

Петок

20.30 часот
Борусија Менхенгладбах – Баерн Минхен

Сабота

15.30 часот
Арминија Билефилд – Фрајбург
Аугсбург – Хофенхајм
Штутгарт – Гројтер Фурт
Унион Берлин – Баер Леверкузен
Волфсбург – Бохум

18.30 часот
Борусија Дортмунд – Ајнтрахт Франкфурт

Недела

15.30 часот
Мајнц – Лајпциг

17.30 часот
Келн – Херта Берлин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот