Стартните состави на Полска и Македонија (ФОТО)

facebook.com/FudbalskaReprezentacija

Селекторот Игор Ангеловски ги одреди првите 11 на кои ќе смета за вечерашната пресметка против Полска во осмиот квалификациски натпревар за ЕП 2020.

На голманската позиција е стандардниот Димитриевски, потоа во одбраната се Ристовски, Муслиу и Ристевски. Во составот е сега и Бејтулаи (кој не настапи против Словенија поради жолти картони), Николов, Спировски и Алиоски.

Во нападот исто како што беше и против Словенците, најистурени Пандев и Несторовски, а ќе им помага Елмас.

принтскрин/flash scores

Шанса од резервната клупа ќе чекаат Илиев, Шишковски, Тошевски, Зајков, Трајковски, Радески, Дориев, Стоилов, Стојановски, Младеновски.

Потсетување дека поради повреди дуелот против Полска ќе го пропуштат Аријан Адеми, Енис Барди, Дарко Велковски, Крсте Велкоски и Иван Тричковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот