СТАРТНИ СОСТАВИ: Со Пандев, Несторовски и Елмас ја „напаѓаме“ Словенија (ФОТО)
Селекторот Игор Ангеловски ги одбра првите 11 со кои ќе стартува на денешниот меч против Словенија, во нападот се играчите кои настапуваат во Серија А.
Најистурени во делот на нападот се Горан Пандев и Илија Несторовски, а веднаш зад нив е уште фудбалер од најсилното италијанско првенство, членот на Наполи, Елиф Елмас.
На голманската позиција е Столе Димитриевски, потоа во делот на одбраната се Ристевски, Муслиу и Ристовски, а во средниот ред Алиоски, Адеми, Спировски и Николов.
Од резервната клупа шанса за настап ќе чекаат Илиев, Шишковски, Тошевски, Зајков, Тричковски, Трајковски, Радески, Дориев, Стоилов, Младеновски и Стојановски.
Дуелот Македонија-Словенија од квалификациите за ЕП 2020 почнува од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.