Стартни постави за ЛШ: Клоп офанзивно во Мадрид

twitter/Liverpool FC

Тренерот на европскиот шампион Ливерпул, Јирген Клоп, вечерва против Атлетико Мадрид во првиот осминафинален натпревар се одлучи да настапи со за него омилената 4-3-3 формација и со Мане, Салх и Фирмињо во нападот.

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне има проблеми со повредите, Жоао Феликс и Трипие нема да бидат во тимот, додека во нападот ќе биде Алваро Мората заедно со Кореа.

ПСЖ на „Сигнал Идуна Парк“ ќе биде посилен за Нејмар кој се опоправи и ќе биде во тимот од првата минута. Негов партнер во Нападот ќе биде Мбапе, додека Кавани и Икарди од клупата ќе ја чекаат шансата да влезат.
Ерлинг Халанд ќе биде во првиот тим на Борусија Дортмунд која има проблеми поради повредите на Брандт и на Ројс.

НАЈАВЕНИ СОСТАВИ:
Борусија Дортмунд – ПСЖ
Борусија: Бурки, Пишчек, Загаду, Хумелс, Гереиро, Витсел, Џан, Ашраф, Азар, Санчо, Халанд.
ПСЖ: Навас, Маркињос, Кимпембе, Силва, Муние, Курзава, Геје, Верати, Ди Марија, Мбапе, Нејмар.

Атлетико Мадрид – Ливерпул
Атлетико: Облак, Врсаљко, Савиќ, Фелипе, Лоди, Коке, Томас, Саул Нигез, Лемар, Кореа, Мората.
Ливерпул: Бекер, Александер Арнолд, Робертсон, Гомез, Ван Дајк, Фабињо, Вајналдум, Хендерсон, Мане, Салах, Фирмино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот