Старт на сапуницата, на „Олд трафорд“ пристигна првата понуда за Погба

фото: твитер

Манчестер јунајтед минатото лето издржа на притисокот на Пол Погна и неговиот агент Мино Рајола и ги одби сите понуди, но изгледа дека сега се подготвени за разделба со францускиот репрезентативец.

На „Олд трафорд“ денеска пристигна првата понуда за Пол Погба, јавуваат француските и италијанските медиуми.

Според „Калчомеркато“ кој се повикува на медиумите од франција, екипата на ПСЖ е првиот тим кој направи конкретен потег и достави официјална понуда за Погба. Францускиот шампион ги нуди Анхел ди Мариа и Јулијан Дракслер во замена за Погба.

Интересно е што ПСЖ го нуди Ди Мариа, аргентинскиот репрезентативец кој во Париз пристигна токму од Јунајтед каде одигра само една сезона. Од друга страна Јулијан Дракслер и во минатото се поврзуваше со трансфер во Премиер лигата, кад еден од заинтересираните тимови беше токму и Манчестер јунајтед.

Освен ПСЖ кој прв повлече потег, огромен интерес за Погба постои и уште од две екипи, Јувентус и Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот