Старова: Блокирањето на законот за одбрана е предизборен маркетиншки потег

Според Старова, прашањето околу Законот за одбрана е предизборен маркетиншки потег на оние кои што го блокираат.

Нашите првични намери се за што ќе се заложиме овој период што преостанува. Сметам дека не беше доволно испопуларизирано нашето учество во сите реформски закони. Мислам дека секој од нас има простор и можност за политички ангажман, дали во Собрание дали преку граѓански сектор. Со матичната партија за неколку прашања се разидовме, а лично за мене одлуката ќе ја донесам согласно реакциите на граѓаните, изјави за Утрински брифинг на Слободна ТВ, Нола Старова, од независната пратеничка група.

– Ние во моментов сме фокусирани на неколку реформски закони кои во текот на овој мандат треба да ги донесеме. Ни останува ратификацијата за членство во НАТО и чекаме да видиме што ќе се случува во шпанскиот парламент. Законот за одбрана, од опозицијата го блокираат поради користењето на името Северна Македонија – се надоврза Митревски на прашањето за предизборните ангажмани.

Според Старова, прашањето околу Законот за одбрана е предизборен маркетиншки потег на оние коишто го блокираат.

– Северна Македонија е реалност повеќе од една година и не гледам дека на некој му пречи идно кандидирање за пратеник во Собранието на Северна Македонија – рече Старова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот