Старо-нов член во Советот за човекови права на ОН: САД се враќаат како полноправна членка

Совет за човекови права на ОН / Фото: Архива

САД ги ставаат човековите права на врвот од својата агенда и се враќаат во Советот за човекови права на ОН (УНХРЦ), соопшти денеска Стејт департментот. Во случај да бидат примени назад, САД имаат за цел да станат прв глас во советот за одбрана и почитување на човековите права.

– Имаме намера да се вратиме во Советот за човекови права и да стоиме рамо до рамо со нашите сојузници и партнери. Подобрување на Советот и промоција на неговата критично важна работа најдобро се прави со седење на истата маса, истакна Блинкен.

САД го напуштија Советот за човекови права при ОН во 2018 година. Тогашниот претседател Доналд Трамп и неговата Администрација го образложија тоа со ставот дека Советот ја критикува политиката на Израел и хипокризијата со тоа што членови на УНХРЦ се земји каде постои секојдневно угнетување на човековите права.

На 8 февруари, Блинкен изјави дека САД се вратија во УНХРЦ во својство на набљудувач, порачувајќи дека се потребни реформи во овој орган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот