Старлингер: Војската се наоѓа пред својот гроб, загрозена е безбедноста на населението

Австрискиот министер за одбрана Томас Старлингер уште еднаш го заостри своето претходно кажано предупредување за финансиската состојба на австриската војска и повторно  на тапет ги стави неодговорните политичари.

-Војската се наоѓа пред својот гроб, а нејзините гробари не ја загрозуваат масовно само безбедноста на населението, туку и работните места, изјави тој на собир на друштво на офицери во Санкт Пелтен.

Старлингер смета дека во следните неколку недели ќе се одлучува за конечната судбина на армијата.

-И покрај тешката ситуација во која војската се наоѓа, за тоа не се свесни сите носители на политички одлуки, критикуваше министерот за одбрана.

„Гробарите на војската во пресрет на коалициските договори веќе изјавија дека е доволно војската да добие 400 милиони евра повеќе”, рече тој истакнувајќи дека со тоа се загрозува безбедноста на Австрија.

Затоа, тој побара, доколку не постои политичка волја војската правилно да се опреми, тогаш на граѓаните јасно да им се изложат сите последици.

Старлингер додаде дека тогаш треба и Членот 79 од Уставот на Австрија соодветно да се примени и од него да се исфрли воената заштита на граѓните.

-Исто така треба да се промени и името на војската во „техничка помошна служба”- рече тој.

Откако стана министер за одбрана Старлингер постојано укажува на драматичната финансиска состојба на војската, и во повеќе наврати наведе дека армијата веќе не е во состојба да се грижи за земјата,  а и дека е се помалку во можност да помага при елементарни несреќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот