Старлетите ги закопаа секирите: Повторно се блиски другарки

Фото Профимедиа

Парис Хилтон и Ким Кардашијан повторно се другарки, по неколку години караници.

Тоа го докажува и снимката од која се гледа како најпопуларната ријалити ѕвезда гостува во новиот спот на Парис Хилтон. Тие двете се држеле за раце и се кикотеле, а обожавателите биле навистина изненадени што ова пријателство е обновено.

Парис Хилтон е горда на обновеното пријателство:

„Ким е многу вредна. Нејзината работна етика отсекогаш ме воодушевувала, а и добро се забавуваме. Одлична е во тоа што го работи и среќна сум за нашиот нов заеднички проект.“

Порано Ким ѝ беше стилистка на Парис, а злобните јазици шпекулираа дека пријателството прекинало затоа што Ким стекнала слава врз грбот на својата пријателка.

Принтскрин/Инстаграм
Принтскрин/Инстаграм
Фото Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот