Сораја Вучелиќ-Масони, 34-годишната старлета е уапсена во Црна Гора поради сомнение дека сторила казнено дело на непостапување според здравствените прописи за сузбивање на опасната болест, пренесуваат медиумите од регионот. Со неа била уапсена и нејзината придружничка, М.М од Подгорица.
„Постапувајќи според оперативни информации, полицијата изврши контрола на една викендица во која се затекнати две женски лица кои не поседувале дозволи за исклучок на забраната за меѓуградски сообраќај, односно пропусници“, рекле од полицијата.
Освен што ја прекршиле таа мерка, ја прекршиле и мерката за забрана за собирање во објекти за оние кои не се членови на домаќинството.
Сораја сè уште не се огласи за апсењето.