Стариот одмор ќе се користи до крај на мај, а дел од новиот до крај на јуни

Новите правила за користење на годишен одмор се однесуваат за работниците од компаниите од приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус.

Уредбата за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, е објавена во „Службен весник“ и со тоа се утврдени новите правила со сила на закон во однос на користењето на одморите  во компаниите од приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус.

Промените се однесуваат како за стариот годишниот одмор за 2019 година, така и за новиот за 2020 година.

Според Уредбата, работниците вработени во приватниот сектор опфатени од мерките, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, мора да го искористат до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.

Што се однесува до новиот одмор во Уредбата пишува:  „За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот“.

Прочитајте и...  Моника Ристеска: Татко ми ме претепа зашто бев да земам чипс од шкафчето во кујна

Во фирмите што не се опфатени со мерките за коронавирус, односно оние кои продолжиле нормално да функционираат, каде што вработените продолжиле да одат на работат, и каде што дејноста продолжила да се одвива како и претходно,  се применуваат регуларните одредби од Законот за работни односи.

Според овие одредби,  годишниот одмор може да се користи во повеќе делови во договор со работодавачот, со тоа што еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.  Притоа, работодавачот е должен на работникот да му обезбеди искористување на 12 работни дена годишен одмор до крајот на тековната календарска година, а остатокот до 30 јуни идната година.

Исклучок од Уредбата се и работниците во Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија, јавните здравствени установи во Република Северна Македонија, царинските службеници, единиците за противпожарна територијална заштита, во инспекциските служби, како и лицата што работат во старечките домови. Тие  неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година и делот од годишниот одмор за 2020 година, кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, можатда го искористат до 31 декември 2020 година, согласно потребите на работниот процес и врз основа на одобрение на раководното лице во Министерството.

Прочитајте и...  Меркел: И натаму сме на почетокот на пандемијата

„Нормален“ годишен одмор ќе имаат тие што работеле од дома

Уредбата за примена на Законот за работни односи во вонредна состојба не се однесува на оние кои работеле од дома. -Уредбата не важи за сите вработени во приватните компании, туку само за оние кои сега користат некоја од мерките според кои седат дома, како мајки на деца до 10 години, брмени жени или хронично болни. Уредбата не важи за оние кои работат сега, независно дали работат од канцеларија, или од дома –објаснува Злате Стојановски, раководител во Државниот инспекторат за труд.

Во компании кои пак, поради препораката на Владата за органзирање на работниот процес со што помалу работници, ги поделиле работнците на две или повеќе групи, така што тие оделе на работа во различни денови, газдите веќе им рекле дека не можат да сметаат на одмор во јули, или во август.

Прочитајте и...  Димитров: Со координативен пристап ќе ги пребродиме последиците од кризата предизвикана од Ковид-19

Прочитај повеќе

Одложено лансирањето на ракетата, нов обид во сабота

Слободен печат

Тивок бунт во Франција: Угостителите на празни маси и со положени униформи ги сервираа своите барања

Слободен печат

Ваучер од 6 илјади денари за летување во Македонија може да добијат повеќе членови на исто семејство

Слободен печат

САД надмина 100 илјади жртви од коронавирусот

Слободен печат

Филипче: Имаме помала стапка на смртност од Грција и од Словенија

Слободен печат

Еден од платените убијци кои пукаа во црногорскиот мафијаш во Киев имал македонски пасош (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Лошото време може да го одложи стартот на ракетата на „СпејсИкс” со американски астронаути

Слободен печат

Вашингтон формално заклучи дека Хонгконг не ја задржал автономијата

Слободен печат

Заев апелира мерките да се почитуваат без исклучок

Слободен печат

ВО ЖИВО: Следете го историското полетување, НАСА и Спејсикс испраќаат астронаути во вселената

Слободен печат

Борел: Единствено дијалогот на ЕУ гарантира европска иднина на Србија и на Косово

Слободен печат

Терминот во којшто може сигурно да се очекува отворање на градинките е 15 јуни

Слободен печат