Малолетник ја пронашол мртва својата баба, телото на починатата е дадено на обдукција, информира МВР.
-На 06.07.2020 околу 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во бања во куќа на ул.„Лука Геров“ во Скопје, 17 – годишник ја пронашол почината, со повреда на главата, неговата баба Е.Т.(81)- стои во дневниот билтен на МВР.
Од лекар била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.