Стари гранати од Прва светска војна пронајдени под „Тубме кафе“

Во Битола вчера биле пронајдени стари артилериски гранати калибар 75 мм од Првата светска војна.

На 26.10.2020 во 10.50 часот било пријавено дека во Битола, при вршење на ископ кај старата трибина од стадионот под „Тумбе Кафе“, во правец кон старата касарна, биле пронајдени стари артилериски гранати калибар 75 мм од Првата светска војна- информира МВР.

Од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, истите биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот