Старец во САД бил бутнат за време на протестите, а потоа 57 полицајци дале отказ (ВИДЕО)

Фото: Јутјуб

Сите 57 полицајци во Бафало дале отказ откако двајца полицајци се суспендирани бидејќи бутнале 75-годишен маж кој протестирал, јавува Си-Ен-Ен.

Тие ги дале отказите во знак на поддршка на своите колеги.

Во тек е истрага на инцидентот кој гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо го нарече во потполност неоправдан и целосна срамота.

Си-Ен-Ен додава дека старецот е сериозно повреден.

Видеото кое кружи на американските медиуми покажува ред од полицајци кои одат накај старецот, а двајца од нив потоа го бутнуваат на земја. Мажот паѓа доле додека полицајците поминуваат покрај него, а за неколку секунди се гледа како од главата му тече крв.

Се работи за протест на плоштадот Ниагара кој се одржал во чест на Џорџ Флојд и кој укажува на расната нееднаквост во САД.

57 полицајци дале отказ

Во единицата за итни случаи отказ дале 57 полицајци, но не истапиле во целост од полицијата.

Градоначалникот на Бафало за Си-ЕнЕн рекол дека градот е сега без итна единица.

„Отказ дадоа 57 полицајци заради постапката на колегите кои само ја исполнувале својата должност“, рекол Џон Еванс, претседателот на здружението на полицајци во Бафало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот