Старџен: Додека трае ковид, нема референдум за независност на Шкотска

Никола Старџен / EPA-EFE/ Finn Hall / Scottish Parliament

Никола Старџен, првата министерка на Шкотска, рече дека нема да има нов референдум за независност додека пандемијата со ковид-19 не биде ставена под контрола. Претходно таа ветуваше дека нов референдум за независност ќе биде организиран до крајот на 2023 година.

-Tyĸа не станува збор само за безбедноста на гласачите. Туку со оглед на тоа што земјата се соочува со голема, важна одлука за иднината, таа треба да биде во состојба да може да ја донесе таа одлука, вели Старџен за Сандеј тајмс.

Старџен забележува дека трошоците за здравствена заштита се огромен притисок врз давателите на здравствена заштита и оценува дека тоа не е добар темел за одлука за новата иднина.

И покрај фактот што во земјата се засилува нов бран на ковид, Старџен изјави дека во моментов нема план за ново заклучување во текот на зимата. Таа додаде дека „секој одговорен лидер треба да ги држи опциите отворени и да не исклучува ништо“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот