Старџен: Мојата работа е да ја направам Шкотска независна држава

Никола Старџен / EPA-EFE/ Finn Hall / Scottish Parliament

Шеесет и два отсто од Шкотите гласаа на рефрендум во јуни 2016 година за останување во ЕУ, додека 38 проценти беа против.

На само неколку часа пред долгоочекуваниот Брегзит, првата министерка на Шкотска, Никола Старџен спомена можно отцепување на таа држава од Велика Британија.

-Вечерва Велика Британија ќе ја напушти Европската унија. Тоа ќе биде чекор на вистинска и длабока тага за многу од нас ширум Велика Британија. А овде во Шкотска, со оглед на тоа што Брегзит се случува против волјата на мнозинството од нас, тагата ќе биде зачинета со лутина, порача Старџен.

Вели дека последиците од Брегзит ќе бидат значајни, дури и ако не се почувствуваат веднаш.
Таа се бори за одржување на нов референдум во Шкотска, но засега нема одобрение од премиерот Борис Џонсон, кој жестоко се противи на таквиот референдум.

Старџен вели дека Шкотска мора да се избори за својот пат и независност.

-Мојата работа е да ја водам земјата по кредибилен пат кој може да донесе независност. И тоа одлучив да го правам. За да се постигне независност, референдумот, без разлика кога ќе се одржи, мора да биде легален и легитимен, рече Старџен.

Шеесет и два отсто од Шкотите гласаа на рефрендум во јуни 2016 година за останување во ЕУ, додека 38 проценти беа против.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот