„Старата дама“ веќе има список на наследници да го заменат Роналдо

Роналдо би можел наскоро да се врати во Премиер лигата/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Со зголемените гласини дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус и ќе се насочи кон нов предизвик во Манчестер сити, италијанскиот печат тврди дека управата на „бјанконерите“ веќе подготвила список на барани играчи за замена на португалската ѕвезда.

„Гаѕета дело Спорт“ тврди дека оваа листа содржи три имиња и тоа се Мауро Икарди, Моиз Кин и Лука Јовиќ.

Изданието додава прва главн цел на „Старата дама“ е Габриел Жезус од Манчестер сити, но „граѓаните“ категорично одбија да се разделат со напаѓачот и поради оваа причина Јуве беше принуден да разгледа други опции.

Торинскиот „Тутоспорт“ додава друго име – Французинот Ентони Марсијал од редовите на Манчестер јунајтед.

Претходно беше објавено дека Манчестер сити му понудил договор на Роналдо, останува да се види дали истиот ќе биде прифатен од Јувентус.

Италијанскиот Јувентус е близу до ангажирање на играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Аксел Витсел, изненадувачки објави Џанлуја Ди Марцио. Италијанскиот новинар додаде дека германскиот тим му дал дозвола на играчот од средниот ред да преговара со „Старата дама“ за нивните лични услови.

Гвардиола откри кога го напушта Сити и кој ќе биде следниот чекор во кариерата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот