Стара зграда во Центар ќе добие нова фасада

Фото: Општина Центар

Општина Центар започна со реконструкција на стара и оштетена фасада на колективна станбена зграда на булевар Илинден, со површина од 2.200 квадратни метри.

-Ќе се задржи нејзиниот автентичен изглед, а боите, како што е веќе практика, ќе бидат избрани во договор со станарите. Новите фасади овозможуваат многу подобри услови за живеење за станарите, заштитени од влијанието на промените во годишните времиња и за 30 отсто пониски сметки за електрична енергија – вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Реконструкцијата подразбира поставување термичка изолација врз целата фасада, која треба да се заврши до крајот на јуни оваа година. Општина Центар за реализација на проектот покрива 70 отсто од финансиските средства, а остатокот се инвестиција на Заедницата на сопственици на станови на зградата.

Општина Центар наскоро ќе објави и нов Јавен повик за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови од подрaчјето на општината за субвенционирање на реконструкција на фасади. За оваа намена од Буџетот се издвоени околу 7.000.000 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот