Стапката на смртност од ковид во Нов Зеланд на рекордно ниво

Ковид-состојба во Нов Зеланд
Ковид-состојба во Нов Зеланд / Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS

Стапката на смртност од ковид-19 во Нов Зеланд достигна рекордно ниво, во време кога земјата се справува со новиот бран на омикрон, пренесува Ројтерс.

Минатата недела во земјата бил регистриран 151 смртен случај, во споредба со претходните 115 од претходната недела. Ова се најлоши бројки кои ги бележат здравствените институции во Нов Зеланд досега.

Во последните 24 часа, во Нов Зеланд починале 26 луѓе како поселдица на ковид, а сите тие се над 60-годишни.

Подваријантите на сојот омикрон се главните причинители за бранот во Нов Зеланд, кој има 5,1 милиони жители.

Земјата некогаш беше пример за нивното справување со вирусот, а на нивниот одговор на почетокот на пандемијата останатите низ светот се восхитуваа. Изолираната земја лесно се справи со вирусот на почетокот, но нивните проблеми очигледно тек почнуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот