Стапката на откривање на коронавирусот во Москва е повисока отколку во Њујорк

epa08368910 Police officers wearing protective masks walk on the Red Square in front of the Kremlin in Moscow, Russia, 17 April 2020. Russian President Vladimir Putin extended the current nationwide lockdown with stay-at-home orders until the end of April in a bid to slow down the spread of the pandemic COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus. EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин денеска изјави дека стапката на откривање на коронавирусот во Москва е повисока отколку во Њујорк.

– Ако го погледнеме билансот на новодијагностицирани инфекции во Њујорк и Москва за целиот период, веројатно веќе го надминавме Њујорк во однос на стапката на детекција, изјави тој за каналот Росија 24.

Лице со заштитна опрема кое работи како доставувач пешачи на празна улица во центарот на Москва / април 2020, Москва, Русија / Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Собјанин уверува дека градските власти не ја кријат статистиката кога станува збор за стапката на откривање, посочувајќи дека е „направен систем за рано откривање на болеста”, пренесува ТАСС.

Во Москва денеска се потврдени 6.703 нови случаи, со што во руската престолнина се заразени вкупно 92.676 лица. Во просек, бројот на заразени лица на дневна основа во рускиот главен град расте за 7,8 проценти.

Со 11.231 нови случај на коронавирусот, петти ден по ред, Русија забележа најголемо дневно зголемување на новодијагностицирани, со што вкупниот број заразени достигна 177.000 лица.

Вчера беше соопштено дека уште неколку руски функционери се заразиле со Ковид-19.

Научниците од универзитетот за технологија и дизајн во Сингапур прогнозираат дека епидемијата на коронавирусот во Русија ќе заврши до 24 август.

Путин е опкружен со коронавирусот: Руската министерка за култура е позитивна на заразата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот