Стапката на невработеност во Италија се искачи на 8,8 отсто

Зголемената стапка на невработеност повеќе ги погодила мажите, односно дури 99.000 мажи останале без работа, додека кај жените овој број изнесува 50.000.

Речиси 150 илјади италијанци останале без работа како последица на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот во една од најпогодените европски земји Италија.

Поради воведените рестрикции во земјата за неколку месеци стапката на невработеност порасна на 8,8 отсто, а само во месец јуни за 0,6 отсто во споредба со претходниот месец.

Ваквите податоци денеска ги објави Италијанскиот институт за статистика „ISTAT“.

Според нивното истражување зголемената стапка на невработеност повеќе ги погодила мажите, односно дури 99.000 мажи останале без работа, додека кај жените овој број изнесува 50.000.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот