Стапката на инфлација во еврозоната во мај близу нула, најголем раст забележан кај цените на свежата храна

Патувањата и натаму се драстично намалени што значи и намалена потрошувачка на гориво.

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во мај се движи околу нулата под влијание на остриот пад на цената на енергенсите, покажуваат првичните проценки на „Евростат“.

Годишната стапка на инфлација, мерена преку хармонизираниот индекс на потрошувачките цени „HICP“, забележа пад во мај на само 0,1 отсто, во споредба со месец април кога таа изнесување 0,3 проценти, се вели во пресметките на европските статистичари.

Владите во мај почнаа со ублажување на ограничувањата воведени со цел да се запре ширењето на новиот корона вирус. Патувањата и понатаму се драстично намалени што пак значи намалена потрошувачка на гориво.

Раст на цените на свежата храна

Во месец мај пак наголем пораст на цените е забележан кај свежата храна, за 6,5 отсто на годишно ниво. Во април беше забележан раст од 7,6 проценти.

Доколку се исклучи влијанието на променливите цени на енергенсите и свежата храна, таканаречената темелна годишна стапка на инфлација во мај е непроменета во однос на април кога изнесуваше 1,1 отсто.

Меѓу земјите од еврозоната најголем пад на цените во мај на годишно ниво е забележан во Естонија, за 1,8 проценти. Најголем раст пак е забележан во Словачка, за два проценти.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот