„Стапи во брак со својот силувач“: Контроверзен закон предизвика бес во Турција

Фото: Википедиа

Критичарите, меѓу кои и опозициската Народна демократска партија (ХДП) повикуваат владата да го „укине“ законот кој, како што наведуваат, не само што ги легитимизира детските бракови, туку и силувањето, а отвора пат и за злоставување на деца и сексуална експлоатација.

Законот кој би можел да им дозволи на мажите кои имале сексуални односи со малолетници да стапат во брак со нив за да избегнат казна, наскоро ќе биде претставен во турскиот парламент, пренесува српски „Телеграф“.

Контроверзниот закон, кој некои го нарекуваа „стапи во брак со својот силувач“, треба да биде претставен пред пратениците до крајот на овој месец, а веќе предизвика бројни осуди и бес меѓу активистите за човекови права.

Критичарите, меѓу кои и опозициската Народна демократска партија (ХДП) ја повикуваат владата да го „укине“ законот кој, како што наведуваат, не само што ги легитимизира детските бракови, туку и силувањето, а отвора пат и за злоставување на деца и за сексуална експлоатација, пишува „Индепендент“.

Сличен закон не стапи на сила во Турција во 2016 година, откако во земјата и светот имаше многу силни реакции на незадоволство поради оваа одлука.

Агенцииите на Обединетите нации предупредија дека нацрт-законот би можел да создаде пејсаж за неказнување за злоупотреба на децата и ќе ги остави жртвите ранливи.

„Стапи во брак со својот силувач“ е правило кое е веќе видено ширум светот и се користи за наводна заштита на „честа на семејствата“.

Легални години за согласност на сексуални односи во Турција се 18, но еден извештај од 2018 година покажа дека во последната година се омажиле дури 492.908 девојчиња.

Според податоците на ОН, 38 отсто од жените во Турција претрпеле физичко или психичко насилство од страна на својот партнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот