Стануваме се понездрава нација

За само две години земјава бележи пад од 12 места на рангирањето што го прави Блумберг, а кое покажува колку нациите во светот се здрави. Во 2017 година нашата земја имала 44 индексни поени, а сега 56. Од земјите во регионот за две години Србија се качува два индексни поени нагоре, Хрватска четири, а  Албанија дури 7 места нагоре. Црна Гора е на исто ниво.

Индексот ги рангира нациите врз основа на повеќе варијабли, меѓу кои и  животен век, употребата на тутун,  дебелината, пристапот со чиста вода и канализација, квалитетот на примарната здравствена заштита.

Најдобро рангирана односно земја со најздрава нација за 2019 година е Шпанија, а во рангирањето се вклучени 169 земји.

Поранешниот министер за здравство Арбер Таравари, вели дека колку нацијата е здрава зависи од тоа каков е здравствениот систем особено превентивата.

-За две години очекувавме барем да стагнираме или да одиме некој индексен поен нагоре. Но драстичниот пад надолу покажува колку се погрешни здравствените политики што ги води актуелната власт. Чуда и драстично подобрување не може да има за две години, но треба да стануваме се полоши – вели Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот