Стано: Ставот на Бугарија за македонскиот јазик нема никакво влијание врз ЕУ

Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано / Фото: Архива

Минатиот месец земјите членки едногласно дадоа зелено светло за почеток на преговорите со Северна Македонија што е можно побргу и без ниеден дополнителен предуслов, за разлика од Албанија.

Откако се разбрани јавноста поради недообјаснети информации за бугарски „документ” во ЕУ според кој преговорите треба да бидат условени со откажувањето од македонскиот јазик и малцинство, се огласи самата Европска Унија денеска, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во писмен одговор за МИА, Петер Стано, портпарол на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, повторува како функционира носењето на одлуки во Европската Унија.

-Европскиот Совет едногласно ја одобри одлуката за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија. Ставот на ЕУ е јасно искажан во заклучоците на Советот. Еднострани ставови на земји членки немаат влијание врз овие заклучоци, напиша Петер Стано во одговор до МИА.

Минатиот месец земјите членки едногласно дадоа зелено светло за почеток на преговорите со Северна Македонија што е можно побргу и без ниеден дополнителен предуслов, за разлика од Албанија.

Во ЕУ е пракса земјите членки имаат право да го искажат своето несогласување со некои делови од одредена одлуката и да приложат свој документ во анекс за да остане запишано нивното мислење, но тоа нема правна тежина, ниту пак во овој случај ја менува на каков било начин одлуката на ЕУ да ги отпочне преговорите со Северна Македонија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот