Стано: Средба Вучиќ – Курти во Брисел на 18 август

Курти и Вучиќ/ Фото ЕПА

Следниот круг од дијалогот меѓу Србија и Косово на највисоко политичко ниво ќе се одржи на 18 август во Брисел, потврди Петер Стано, портпарол на Европската Унија, пренесе Бета.

„Можам да потврдам дека откако високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел ги покани двете страни во Брисел, а српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ја прифатија неговата покана и ќе дојдат во Брисел на 18 август“, потврди Стано во писмената реакција доставена до медиумите.

Српскиот претседател и косовскиот премиер ќе бидат примени од шефот на европската дипломатија Борел, како и од специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, со цел заеднички да разговараат за „натамошниот дијалог меѓу Приштина и Белград“.

Тоа ќе биде прва средба меѓу Курти и Вучиќ во рамки на дијалогот за нормализација на односите по повеќе од една година. Тие последен пат се состанаа во Брисел во јули 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот